Amazon нарача електричен ван од Mercedes

Гигантот во онлајн трговијата Amazon изрази полна поддршка за новиот електричен ван на Mercedes eVito уште пред неговото лансирање, откако нарача 100 возила за базите на Amazon Logistics во Бохум и Дизелдорф, во Германија.

Новиот електрични ван на брендот ќе биде официјално претставен на салонот во Франкфурт во септември, а неговата цена во Германија започнува од 3. 990 евра без ДДВ. Заедно со вановите, Mercedes ќе му достави на Amazon и станици за полнење на 100-те возила.

Нарачката на Amazon, сепак сеуште е далеку од онаа која ја има договорено Mercedes со модната компанија Hermes – 1.500 електрични возила, каде влегуваат eVito и новиот eSprinter, па снабдувањето ќе започне од 2019 година.

ван

Реалната автономија на eVito е 100 километри со едно полнење на батеријата со моќност од 41,4 kWh, поголемиот eSprinter постигнува 115 километри со батерија со 55 kWh. Идеално, опсегот на двата автобуса може да се зголеми до 50%.

Поврзани вести

Back to top button