fbpx

Американскиот комичар ни го покажа новиот Audi R8?

Audi RSQ E-Tron претставува новиот херојски автомобил на Вил Смит во анимираниот филм "Spies In Disguise"

За потребите на филмот “I, robot”, во 2004 година Audi го дијазнираше концептот RSQ, кој претставуваше делумен приказ на новиот R8, кој пристигна неколку години подоцна.

Оваа година пак во анимираниот филм наречен “Spies in Disguise”, во рацете на Вил се најде новата концепт верзија на Audi RSQ E-Tron. Премиерата на овој филм е закажана за септември 2019 година, а во главните улоги можете да ги погледнете анимираните ликови на ѕвездите Вил Смит и Тим Холанд.

Супер-автомобилот претставува целосно електрично возило, кое е опремено со голем број на интересни гаџети, наменети специјално за потребите на супер агентот. Карактеристиките на овој концепт вклучуваат холограмски брзинометар, електрична мобилност како и целосна автономна способност на управување со возилото.

r8

“Audi направи дигитален напреден приод кон процесот на дизајнирање, како во развојот на измислени содржини, така и во произдвотственото студио. Во Audi Design, ние ги комбинираме најсовремените технологии за дигитална визуелизација со разчно изработена прецизност. Овие процеси ни овозможуваат да ги примениме футуристичките идеи за дизајн со иста прецизност во развојот на измислен виртуелен концепт, како што е RSQ E-Tron.” изјави Франк Римили, раководител на Exterior Design Studio 3 во Audi.

Според Audi, овој концепт ќе има големо влијание кон понатамошните процеси на надградување на електричните производи. Соработката на Audi со Twentieth Century Fox и Blue Sky Studios и понатаму ќе продолжи, па се надеваме во иднина ќе имаме можност да бидеме повторно изненадени од некој ваков интересен концепт модел.

Во продолжение може да го погледнете трејлерот на овој анимиран филм.

 

Поврзани вести

Back to top button