fbpx

Енди Мареј со Jaguar I-PACE на Светскиот ден на животната средина

Големата тениска ѕвезда и двократен шампион од Вимблдон, Енди Мареј го исполни ветувањето кое го даде на WWF на World Earth Hour, да премине кон возење на електричен автомобил, па станa еден од првите клиенти на Jaguar I-PACE, со кој управуваше на Светскиот ден на животната средина

„Важно е сите ние да правиме мали чекори, за да водиме поодржлив начин на живот и да размислиме за активностите кои можеме да ги преземеме за да се грижиме за нашата планета. Тоа е една од причините зошто се ориентирам кон управувањето на новиот целосно електрични I-PACE на Jaguar. Тој е еколошки и безбеден, но истовремено е со екслузивен дизајн и спортска динамика кои одговараат на мојот начин на живот“, потенцира Мареј при упрвите километри минати со својот нов автомобил во друштво на Нелсон Пике Јуниор, пилот на Panasonic Jaguar Racing.

Jaguar I-PACE е револуционерен електричен автомобил со брзо полнење од 0 до 80 проценти за 45 минути и нуди максимален опсег од 480 километри со едно полнење на батеријата. I-PACE обезбедува комбинација од стабилна динамика на спортски автомобил, технологија со вештачка интелигенција (AI) од следната генерација и практичност на еден SUV, поставувајќи го Jaguar во првите редови на револуцијата во сферата на електричните автомобили.

Поврзани вести

Back to top button