fbpx

Анти кризна мерка: McLaren Speedtail во трка со F-35B авион

Можеби делува лудо, па дури и беспотребно, но за денешната Анти кризна мерка ви носиме една невообичаена и интересна трка

Во главните улоги од денешната Анти кризна мерка се McLaren Speedtail и F-35B воен авион „ловец“. Британскиот хиперавтомобил ги има сите предиспозиции да се трка со овој F-35B, со модифициран M840T од 720 S хибриден погон кој е задолжен за напојувањето. Комбинираниот погонски склоп му овозможува на Speedtail да развие 1.036 КС и максимална брзина од 402 километри на час, а до 300 km/h стигнува за само 12,8 секунди.

Сепак, конкурентот и противникот на McLaren Speedtail не е само обичен авион, туку станува збор за најновиот и најнапредниот „ловец“ на светот – F35. Не треба воопшто да се навлегува во детали за да се појасни колку всушност овој авион е моќен. Се што треба е да го погледнете видеото во прилог, објавено од страна на Top Gear, за да ви стане јасно. Уживајте во новата доза на Анти кризна мерка…

Поврзани вести

Back to top button