fbpx

Анти кризна мерка: Парфем со мирис на нов автомобил

Во денешно време очигледно може сѐ да се купи, па така и парфем со мирис на нов автомобил

Купувањето на нов автомобил е посебно искуство. Доаѓањето пред салон, првиот поглед кон новиот миленик, сето тоа долго се памети, а особено задоволство е кога ќе се отвори вратата и ќе се почувствува мирисот на новиот автомобил. Никој не е ни сигурен дали станува збор за свежа кожа или нешто друго, но Auto Trader смета дека тоа е мирисот кој би сакале да го имате на себе.

Во овие времиња на изолации и карантини поради пандемијата на коронавирусот, некои компании си најдоа начин како да заработат и да дојдат во центарот на вниманието, со оглед на тоа дека голем дел од светската популација и онака „дреме“ на интернет со цел да си го исполни времето. Веројатно на тој начин настанал и Eau de New Car, или мирис на нов автомобил кој е нов парфем од Велика Британија. Цената не е нималку наивна и изнесува 175 фунти за шишенце од 50 милилитри. Дефинитивно не е евтин, но ова е уникатна прилика да да мирисате на нов автомобил. Или пак можеби да го искористите за да го „обновите“ вашето возило, иако не станува збор за парфем наменет за прскање во постари автомобили.

Поврзани вести

Back to top button