ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Нова апликација „Прашај го Mercedes”

Daimler планира промоцијата на новата апликација за клиенти што ќе биде лансирана под името „Прашај го Mercedes", која ќе биде дел од дигиталните експерименти што ги планира германскиот концерн

Директорот кој одговара за дигиталниот развој на Mercedes, Сабине Штанерт, објасни дека станува збор за апликација, која ќе се нуди на стартот само неколку пазари и на неколку различни јазици, а потоа се планира глобално лансирање. Но, таа одби да даде детали за апликацијата.

 

апликација

-Станува збор за апликација која ќе им помага на клиентите да се запознаат и да ги користат сите карактеристики на автомобилите на Mercedes, објасни Штанерт. – Апликацијата ќе може да се користи како од сегашните, така и од потенцијалните клиенти на брендот. Освен тоа таа ќе нуди деноноќно помош и со неа ќе се комуницира преку гласовни команди или преку текстуални пораки.

апликација

апликација „Прашај го Mercedes”

Некои аналитичари сметаат дека дел или сите функции на апликацијата ќе бидат доверени на чат-битовите кои ќе одговараат на прашањата на клиентите, а ќе симулираат и разговор. Апликацијата ќе може да се инсталира како во инфозабавниот систем на автомобилот, така и на телефонот на клиентот.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close