fbpx

Јапонско чудовиште забрзува до „стотка“ за 1,9 секунди

Хиперавтомобилот Owl на јапонската компанија Aspark постигна забрзување од 0 до 100 km/h за 1,921 секунди на тест полигон во префектурата Тотиги

Owl е целосно електричен автомобил, а постигнувањето сериозно ги подобри најдобрите времиња до моментов- на Nio EP9 , кој го држи рекордот на Северниот лак на Нирбургринг со 2,7 секунди, чија моќ е 1.360 коњски сили и создадениот за драг Dodge Challenger SRT Demon со 850 коњски сили, кој до „стотка“ стигнува за 2,3 секунди.

Owl

Owl дебитираше минатата година во Франкфурт, а на проектот се работи активно од 2014 година.

Електромобилот е висок едвај 99 сантиметри и е управуван од два електромотори со моќност над 1.000 коњски сили, а тежината му е 850 kg. Во Франкфурт беше прикажан прототип со моќност од 435 коњски сили кои доаѓаат пак од два електромотори и 764 Nm максимален вртежен момент.

Owl

Поврзани вести

Back to top button