НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Aston Martin го посвети својот супер-автомобил на победата од 24 часа Ле Ман

Одделот за специјален дизајн на Aston Martin, познат како Q, разви ограничена верзија на DBS Superleggera серијата

Моделот е имануван DBS 59, и ќе се произведе во серија од 24 автомобили поради победата на Aston Martin DBR1 во легендарната трка 24 часа Ле Ман во 1959 година. Автомобилот е со Racing Green боја, а има и елементи обложени со јаглерод со сјајна црна завршница. Амблемите и рабовите на решетката на ладилникот се во бронза.

Во ентериерот на DBS 59, Британците се потпираат на комбинација од црна и кафеава кожа, како и материјал кој го повторува оној на оригиналните DBR1 седишта. Зад задните седишта има посебно место за складирање на кацига, ракавици и комбилизон на пилотот. На потпирачите за глава го има логото DBS 59, а истито број е врежан во предниот дел на автомобилот.

Под капакот на Aston Martin DBS 59 се монтира 5.2 литарски V12 мотор со 725 КС и 900 Nm, во комбинација со 8-степен автоматски менувач. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,4 секунди, а максималната брзина е 342 km/h.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close