fbpx

Aston Martin DBS Superleggera одговор на Ferrari 812 Supefast

Англичаните претставија официјалните фотографии и понудија дополнителни информации за својот најмоќен сериски модел DBS Superleggera, кој ќе треба да биде достапен на пазарот до крајот на оваа година

Според експертите многумина сметаат дека ова е наследник на Vanquish, но Англичаните, иако не го негираат ова, сепак додаваат дека веќе се работи на наследник на ова остварување, кое ќе биде претставено до крајот на 2021 година, но со целосно нова филозофија. Инаку, DBS Superleggera е директен конкурент на Ferrari 812 Superfast.

Новата визија на моделот е всушност силно модифицирана верзија на Aston Martin DB11, која располага со 5.2 литарски V12, би-турбо мотор со моќност од 715 КС. Тој е во спрега со 8-степена автоматска трансмисија, која го пренесува движењето кон задните тркала преку диференцијал со ограничено лизгање.

Според информациите забрзувањето од 0 до 100 km/h се случува за 3,4 секунди, a максималната брзина иако не се наведува, се очекува да биде над 320 km/h. Благодарение на широката примена на алуминиум и карбонски детали, вкупната тежина на DBS Superleggera е намалено за 72 kg, во однос на она на DB11. Потпирањето пак е намалено за 5 mm, а системот за сопирање располага со карбон-керамички дискови, чии апарати на предните тркала се шест-канални.

Цените не се објавени, но се знае дека следната година брендот ќе ја претстави и отворената верзија на моделот.

Поврзани вести

Back to top button