fbpx

Aston Martin DBX ќе биде многу поразличен од Vantage

Aston Martin сé уште припаѓа на малата група на производители на автомобили кои немаат SUV модел во нивната гама

Сепак, ова ќе се промени во наредните години, а тоа ќе биде, како најавуваат Британците, со исклучително интересна креација.

Во март 2015 година се појави концептот DBX, кој реално не ги остави рамнодушни и најконтроверзните. Иако концептот наиде на невидени симпатии, дизајнерите на брендот се категорични дека сериската верзија на кросоверот нема да има многи допирни точки со прототипот, а нема да има многу заедничко ниту со DB11 или со новиот Vantage, прикажан оваа недела.
DBX

Потпретседателот на компанијата и директор на секторот за дизајн, Марек Рајхман објасни дека „DBX нема да личи на ниту еден друг модел на Aston Martin, па ниту на концепт“ и не пропушти да ги разбранува страстите во јавнноста, особено кај ривалите на компанијата на овој фронт.

– Платформата на која е поставена DBX е наша, па ќе добиеме поинаков автомобил, рече Рајхман. – Тоа не е Audi, кој е многу близок со Bentley или лицето на Volkswagen со oна на Porsche. Знаете дека Cayenne беше пуштен како модел на Porsche, но неговиот развој започна како модел VW, a исто беше и со Bentayga, чиј креатор е Audi.

DBX
DBX треба да излезе на пазарот во крајот на 2019 или почетокот на 2020 година, а палетата на мотори најверојатно ќе го вклучува новиот 4-литарски мотор кој доаѓа од AMG, како и 5,2-литарски V12 на Aston Martin. И во двата случаји моторите се со две турбини. Секако, DBX ќе има и електрична верзија, не затоа што концептот беше претставен како електромобил, туку поради фактот што компанијата сака да присуствува и на овој пазар.

Поврзани вести

Back to top button