fbpx

Aston Martin избра име за првиот кросовер

Британскиот производител Aston Martin го задржа трговското име Varekai и најверојатно, токму вака ќе се вика првиот кросовер на брендот

Ова го најави Auto Express, според чии информации премиерата на моделот ќе биде во 2019, а сериското производство ќе започне една година подоцна. Нема официјална потврда од Aston Martin, компанијата само наведува дека името Varekai може да се користи и за патнички и тркачки автомобили, или нивни делови и компоненти. Не е исклучена можноста да биде употребено и за други изведби?!

Varekai

Очекувањата се серискиот кросовер на Британците да преземе во голема мера елементи од концептниот модел DBX, прикажан во пролетта на 2015 година. Сепак сериската верзија ќе биде со пет врати, за разлика од прототипот, кој е со три. Новиот модел ќе биде позициониран како конкурент на Bentley Bentayga, Lamborghini Urus, Porsche Cayenne и Maserati Levante.

Според неофицијалните податоци, основната верзија на кросоверот ќе биде опремена со 4.0-литарски Twin- Turbo V8 мотор, производство на Mercedes-AMG. Неговата моќ ќе биде околу 600 КС. Врвната варијанта ќе добие 5.2-литарски V12 со две турбини и моќност од 750 КС. Производството ќе биде концентрирано во новиот центар на Aston Martin во Шон Атон (Велс). Капацитетот на овој комплекс, за разлика од фабриката во Хејден (Англија), дозволува слопување на многу поголем број на автомобили.

Varekai

Aston Martin

Поврзани вести

Back to top button