Aston Martin открива нови детали за DBX

Aston Martin се подготвува да го лансира својот прв кросовер, а премиерата е закажана за 20 ноември во Пекинг

За да го подигне нивото на возбуденост околу својот нов модел, британскиот производител објави слика од внатрешноста на својот прв кросовер, а исто така ги најави и цените, кои на германскиот пазар започнуваат од 193.500 евра.

Она што од сликата може да видиме е дека DBX ќе доаѓа со дво-тонски кожен управувач, поставен пред голем дигитален инструмент панел. Во централниот дел поставен е голем екран за инфозабавниот систем, над кој се наоѓаат копчињата за менувачкиот пренос. Подолу, може да се видат широки вентилациски отвори, стилски прекинувачи и централна дрвена конзола.

Aston Martin, говорејќи за централната конзола, рече дека таа има „елегантна, лебдечка естетика“. Отворениот дизајн им овозможува на сопствениците брзо и лесно складирање на предмети, како паричници и шишиња.

Aston Martin

Други значајни карактеристики на внатрешноста се панорамскиот стаклен покрив, метални завршетоци и премиум кожа и Алкантара тапацир. Aston Martin исто така, им посвети внимание и на патниците на задните седишта, кои сега добиваат сопствен систем за контрола на климата и најмалку четири различни отвори за воздух.

Производителот остана таинствен околу пошироките детали, но она што веќе го знаеме е дека DBX ќе се напојува со твин-турбо 4,0 литарски V8 мотор, изведен од Mercedes-AMG. Моќноста е во областа на 542 коњски сили и 700 Nm вртежен момент, додека пак максималната брзина ќе биде поголема од 290 km/h.

Aston Martin

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close