НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Aston Martin ја покажа најмоќната верзија на DB11

Aston Martin ја претстави најмоќната верзија на новиот модел DB11 AMR (кратенка за Aston Martin Racing)

Новиот DB11 AMR го менува DB11 V12, а е помоќен и побрз од својот претходник и освен тоа е со нови поставки на системот за управување и модифициран издувен систем. AMR се задвижува од 5.2-литарски V12 мотор со две турбини и моќност од 638 коњски сили, што е за 30 повеќе во споредба во DB11 V12, а вртежниот момент е ист – 700 Nm. Максималната брзина на новата верзија е 335 km/h, а забрзувањето од 0 до 100 km/h изнесува 3,7 секунди, што е за 0,2 секунди побрзо од DB11 V12.

Визуелно DB11 AMR се разликува од обичните DB11 по новите елементи на каросеријата од јаглеводородни легури и црната решетка.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close