ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Распродажба во Aston Martin на уникатни автомобили!?

Одделот на Aston Martin Prototype Operation, склопува по два автомобила годишно

Станува збор за ексклузивни автомобили, создадени по нарачка на клиентите.

Минималната цена на еден таков автомобил е 2,6 милиони долари, а од компанијата објавија дека првите 4 се веќе нарачани. Што значи дека обемот на Aston Martin Prototype Operation за две години однапред е обезбеден. Информациите за тоа ги даде лично шефот на Aston Martin, Енди Палмер, кој појасни за списанието Road and Track дека станува збор за многу специјални возила кои се блиски по многу нешта со спидстерот СС100 или Vantage GT12 Roadster.

Aston Martin Prototype Operation

Уште отсега се знае дека некои од овие автомобили ќе заминат директно за приватни колекции. Ексклузивниот СС100 се појави за 100-годишниот јубилеј на компанијата и дебитираше за време на трката 24 часа на Нирбургринг во 2013 година. За база е користен V12 Vantage, каросеријата е од композитни материјали, а погонот е доверен на 6,0-литарски V12 мотор.

Aston Martin Prototype Operation

Покрај производството на Prototype Operation, Aston Martin се подготвува и за „промоцијата” на хипер автомобил Valkyrie со моќност од 1.130 КС. Valkyrie е развиен во соработка со гуруто на дизајнот во F1, Адријан Нуи. Производствената серија на автомобилот ќе е 175 примероци, а Valkyrie е управувано од хибриден систем. 1.000 „коњи“ доаѓаат од 6,5 V12 мотор дело на Cosworth, а останатите од составите за обновување на енергија.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close