fbpx

Aston Martin пушта „помал брат” на Valkyrie

Британската компанија Aston Martin планира да направи уште еден супер модел со мотор поставен на средина, кој веќе е наречен „помал брат" на Valkyrie

Моделот е одговор на McLaren P1 и Ferrari LaFerrari, кои веќе не се произведуваат.

Плановите за создавање на ваков автомобил ги откри за изданието на Autocar, шефот на компанијата, Енди Палмер. За жал, тој ништо не споменува за погонската единица на моделот, туку навести само дека треба да биде изградена на јаглероден монокок со алуминиумски подлоги. Инженерите на Аston Martin, не кријат дека за оваа цел во целост ќе ги искористат искуствата од развојот на моделот Valkyrie, а новината ќе има и многу елементи од ова остварување.

Valkyrie

Палмер, исто така, рече дека новиот автомобил ќе биде уште еден плод на партнерството помеѓу компанијата и тимот од Formula 1- Red Bull. Партнерите планираат да отворат дополнителeн центар, во кој ќе бидат вработени околу 130 лица. Тој ќе биде во англискиот град Милтон Кејнс, во близина на базата на Red Bull.

Покрај тоа, Aston Martin планира да формира ривал на Ferrari 488 GTB до 2021 година, супер-автомобил со среден погон со сосема нов мотор. Да потсетиме дека Aston Martin Valkyrie е опремен со хибриден систем од 1.130 КС што му овозможува на автомобилот да забрза до максималните 320 km/h за 10 секунди. Компанијата ќе произведе од оваа креација само 150 единици.

Valkyrie

Поврзани вести

Back to top button