fbpx

Aston Martin Valkyrie премиерно на патеката

Со моќност од 1.160 коњски сили и 900 Nm, хиперавтомобилот Valkyrie за прв пат во акција на британската Grand Prix патека

Прототипната верзија на британскиот хиперавтомобил го направи своето прво јавно деби во саботата на Силверстоун, каде беше одржана Formula One British Grand Prix. Силверстоун е главната патека за тестирање на Valkyrie, и тоа е местото каде што автомобилот треба да постигне времињата на кругови споредливи со тркачките автомобили на Formula One и LMP1.

Овој пат Aston Martin само ги водеше изложбените кругови. Прототипот беше пилотиран од Крис Гудвин, поранешен тестер на McLaren, кој сега е главен тест пилот на Aston Martin за автомобилите со високи перформанси, а беше облечен во специјална облека, нагласувајќи ја врската со тимот на Aston Martin Red Bull Racing Formula One. Главниот технички директор на Red Bull, Адријан Њуи, е еден од клучните дизајнери на овој хиперавтомобил.

Valkyrie

„Моментот кога конечно го видов во движење автомобилот кој пред пет години за прв пат започнав да го скицирам, претставува навистина емотивен ден за мене“, изјави Адријан Њуи.

Valkyrie моментално е во процес на финално динамичко тестирање пред почетокот на испораките во четвртиот квартал од 2019 година. Изградени ќе бидат 150 единици наменети за пат, заедно со 25-те Valkyrie AMR Pros наменети за патеката.

Автомобилот доаѓа со 1.160 коњски сили и вртежен момент од 900 Nm, благодарение на 6,5 литарскиот V12 мотор, развиен од Cosworth, кој е поврзан со хибридниот систем на KERS. Автомобилот исто така може да се пофали со изградбата од јаглеродни влакна со лесна конструкција и аеродинамиката инспирирана од Formula One, која треба да генерира тркачки нивоа на возни перформанси.

Поврзани вести

Back to top button