Aston Martin Vulcan за обични патишта
Aston Martin досега направи 24 примероци од супермоделот Vulcan, а само еден од нив е подготвен да би можел легално да се сообраќа на обични патишта
![Vulcan](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2017/12/RML-1000-1-780x405.jpg)
Тоа го стори британската компанија RML Group со дозвола од Aston Martin.
За разлика од сличните супермодели како Ferrari FXX K и McLaren P1 GTR, Vulcan не е дериват на некој регуларен модел, па неговото прилагодување на прописите кои важат за обичните автомобили не е лесна работа. RML има искуство во слични зафати, а од оние попознатите „конверзации“ се на Nissan GT-R и Juke-R.
Vulcan доби предни светла од DB11, но најважните модификации се направени под атрактивната каросерија. Голем дел од нив се однесуваат на безбедносните состави и потребата автомобилот нормално да се управува на патиштата.
Листата опфаќа ново потпирање, сопирачки, менувач…, тука се новите седишта, а инжинерите мораа да го унапредат системот за ладење на огромнииот 7.0 литарски V12 мотор. Според најавите уште четворица сопственици бараат да им се модифицираат нивните верзии на ваков начин.