fbpx

Ateca, Arona и Tarraco на едно место

Трите модели на SEAT од SUV опсегот создадени во Барселона, ја делат истата ДНК, но секој се носи со свој карактер.

За време на лансирањето на Ateca, првото SUV возило на SEAT, во 2016 година претседателот на Извршниот комитет на SEAT, Лука де Мео изјави дека создавањето на овој модел игра клучна улога во стратегијата на брендот, бидејќи ја поттикнал најголемата производна офанзива во историјата на SEAT. Денес компанијата може да се пофали со три модели во својот SUV опсег.

Сите три модели поседуваат различни карактеристики кога станува збор за дизајн, мотор и безбедност. Arona како најмала може да се пофали со силен карактер на кросовер, со перформанси кои се движат од 95КС до 150КС и првиот модел во својот сегмент кој нуди мотор со природен гас (CNG). Најголемиот SUV модел на SEAT, Tarraco, претставува ремек-дело во однос на функционалноста, флексибилноста и ќе располага со Plug-in хибридна верзија.

Безбедноста е највисок приоритет на компанијата па поради тоа возилата располагаат со системи како асистирање при сообраќаен метеж, систем за одржување на коловозна лента, адаптивен темпомат, функција за сопирање во итни случаи… SEAT интензивно работи на понудата на најдобри решенија, за да одговори на зголемената дигитализација на нашето окружување, а трите SUV возила го демонстрираат ова.

Ateca

Поврзани вести

Back to top button