ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Audi најави промена на дизајнерскиот концепт

Не е потребно да сте експерт за дизајн, за да забележите сличности во изгледот на сите модели на Audi во последните години

Сето ова е на пат да се промени, бидејки компанијата од Инголштад презема нов пристап при разработката на нови модели.

моделиПромената всушност започна уште со претставувањето на Q2, а потоа следеа новата A8 и елегантното А7 Sportback. Сега од Audi се цврсто решени идните нејзини модели да бидат постојано различни еден од друг.

Во интервју за британското списание Autocar, шефот на Audi, Руперт Штадлер објасни зошто компанијата од Инголштад се решила за ланисрање на новитети со сличен дизајн во целата моделска гама.

Според него, на овој начин автомобилите од марката станаа препознатливи на нови пазари, од кои еден е оној во Кина. Сега, кога Audi веќе „ја наметна“ својата популарност во Кина, раководството одлучи да го смени дизајнерскиот пристап, за да го направи „секој модел различен”.
модели

Од изјавата на Штадлер може да се долови уште дека тој верува во зајакнувањето на идентитетот на секој модел, што е од исклучителна важност, имајки предвид дека векот на секој од нив е околу 6 години и тие треба да изгледаат актуелни цело тоа време.

Вистинско освежување во овој поглед е претставувањето на целосно електричниот кросовер E- Tron, кој треба да се појави во сериски вид подоцна во текот на годинава. Во 2019, пак, на пазарот треба да се појави и неговата постилска верзија E- Tron Sportback.
модели

Елиминирајки ги чекор по чекор моторите со внатрешно согорување за сметка на едноставен електричен погон, дизајнерите на Audi ќе имаат повеќе слобода во дизајнот на создавањето на нови пропорции, што пак ќе им овозможи да развијат нов и многу различен дизајн. Можеме да очекуваме многу дизајнерски трикови кои ќе направат идните модели од Инголштад да изгледаат попривлечни.

модели

Следната голема задача за Audi е претставувањето на новата генерација на клучниот за компанијата модел A6, што треба да се појави во следните месеци. Друга важна премиерот за компанијата ќе биде Q8, што ќе претставува нешто како Coupe верзија на големиот SUV модел Q7. Исто оваа година очекуваме и обновена варијанта на компактниот кросовер Q3.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close