fbpx

Audi доби платформа на Porsche Taycan

Со оглед на традициите на Audi ќе беше наивно да веруваме дека германската марка нема да се вклучи во електричната револуција со GT модел кој е директен ривал на Tesla Model S.

Audi веќе објави дека е-Тron GT ќе биде со сериска верзија која се очекува да се појави во 2020 година. Оваа недела се проширија гласини дека GT моделот со 4 врати во основата ќе легне платформата на Porsche Taycan.

Ова решение можеше да се очекува, сепак VW Group планира масовна електрификација на марките, а трошењето на огромните инвестиции во таа насока ќе биде многу успешнo ако се користи филозофијата за споделување на платформи. Друго што е познато е дека e-Tron GT ќе се произведува во фабриката на брендот во Boellinger Höfe.

Моделот има шанса да е еден од најважните модели  за Audi Sport, бидејќи со цена ќе биде позициониран под Taycan. Најверојатно техничките податоци ќе се блиски до оние на моделот на Porsche. Со два електромотори со моќност од 600 коњски сили и ќе поминува километража од над 500 километри.

Поврзани вести

Back to top button