fbpx

Audi ќе понуди две нови верзии на Q2

Audi подготвува две нови верзии на кросоверот Q2, првата од нив ќе биде готова до средината на 2018 година,а втората нешто подоцна

Во првиот случај станува збор за проширена верзија на моделот Audi A2 L, која ќе биде наменета за пазарот во Кина. Кросоверот ќе добие само бензински турбо агрегати 1.0 TSI (116 КС), 1.4 TSI (150 КС) и 2.0 TSI (290 КС). Моторите ќе се комбинираат со шестстепен рачен и 7 брзински роботски менувач со две спојки. Производството на проширениот Q2 L во Кина веќе започна, а првите испораки се очекуваат на почетокот на јуни.

Q2

Audi Q2

Audi веќе работи и на електрична модификација на моделот. Компанијата е свесна дека најголемиот пазар во светот постепено се откажува од бензинските и дизел моторите, а следствено ќе следат и хибридите. За таа цел, се подготвува Audi Q2 E-Tron. Во Кина ќе се гради на продолжената модификација (L), додека на другите базни пазари ќе се користи стандардниот кросовер. Автономијата на моделот со едно полнење ќе изнесува околу 500 километри, што ќе го претвори во директен конкурент на Tesla Model X. Сеуште не е јасно дали електричното возило ќе го користи системот на погон на четири тркала на Audi Quattro AWD.

Поврзани вести

Back to top button