fbpx

Audi e-Tron претплата за електрично полнење ќе почнува од 5 евра месечно

Претходната година видовме огромен замав во автомобилскиот свет за производство и развивање на електричните возила. Со почетокот на 2019 година, голем број од компаниите си стојат на своите ветувања, од нови електрични автомобили до револуционерни решенија за полнење

Еден од најголемите проблеми за сопствениците на електрични возила во моментот е големата разновидност на провајдери за полнење. Кај кои е потребно да се потпишуваат договори или пак внимателно да се проверуваат тарифите пред секое приклучување на возилото да се полни.

Во Европа овој проблем ќе биде решен, барем за сопствениците на Audi електричните автомобили. Германската компанија најави дека ќе започне со e-Tron Charging Service кој го ветија претходната година и дека ќе ги донесе повеќе провајдери во Европа под еден „кров“.

Со потпишување на еден договор и со еден месечен надомест, Audi сопствениците ќе имаат пристап до скоро 80% од сите јавни станици за полнење во Европа, односно 72,000 позиции за полнење од 220 различни провајдери.

Audi нуди 2 типа на тарифи за тие што сакаат да го потпишат договорот. Едната цели кон урбано/градско патување со наплата од 4.95 евра месечно, додека другата цели кон луѓе кои движат по долги растојанија со цена од 17.95 евра месечно.

За да потпишете договор со Audi, потребно е да се регистрирате на myAudi portal, па да склучите договор.

Поврзани вести

Back to top button