E-tron GT, Audi со “гени“ од Porsche Taycan

Пред неколку месеци дознавме дека вториот целосно електричен автомобил на Audi ќе биде E-tron GT

Новиот E-tron SUV скоро беше откриен, но Audi не сака да губи време, па го најавува E-tron GT. Овој модел ќе биде директен конкурент на Tesla Model S, а и за сеуште неоткриениот Porsche Taycan.

Моделот E-tron SUV е дизајниран за комфор и за секојдневниот возач со типичното чувство на возење од Audi. Додека новиот GT е опишан како динамичен со поголем фокус на перформанси.

Шефот за технички развој на Audi, Улрих Видман тврди дека E-tron GT ќе ја добие J1 платформата.

Истата платформа ќе ја видиме и кај Porsche Taycan, па затоа може да кажеме дека тие ќе делат слична ДНК.

 

Поврзани вести

Back to top button