НАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

Audi e-tron со уникатен систем за регенерирање на енергијата

Германскиот производител на автомобили Audi откри уште технички карактеристики за првиот електричен автомобил e-tron

Клучната карактеристика на кросоверот ќе биде системот за обновување на енергијата, која ќе обезбеди до 30% од капацитетот на батеријата. За прв пат во автомобилот ќе бидат комбинирани три режими на полнење, со кои системот ќе покрие над 90%, односно батеријата ќе се полни речиси при секое запирање. Audi уште не го објави досега капацитетот на батеријата, а соопшти само дека автономијата на e-tron ќе е над 400 километри, според новиот циклус WLTP.

Кросоверот ќе биде управуван од два електромотори кои развиваат 360 КС и 561 Nm вртежен момент.

e-tron

Времето за кое кросоверот е во состојба да обезбеди максимална моќност достигнува 60 секунди. Така електромобилот може да забрза неколку пати до максимална брзина од 200 km/h, електронски ограничена. Покрај тоа, традиционално за електричните автомобили, максималниот вртежен момент е достапен практично веднаш по лансирањето, освен тоа има и режим boost, кој се активира при менување на режим на управување од D до S.

Времетраењето на дејството е 8 секунди. Кај него моќноста и максималниот вртежен момент се зголемуваат до над 407 КС и 664 Nm. Audi e-tron забрзува од место до 100 km/h за помалку од шест секунд, но не се пријавени во вообичаениот или во boost режимот. Се очекува ценовно Audi е-tron да му биде конкурент на Tesla Model X.

e-tron

Значи, ако се споредат американскиот електричен кросовер и германскиот, вториот е во блага предност. Основната верзија на Model X 75D чини 94.850 евра и може да помине околу 417 километри со едно полнење, забрзува од место до 100 km/h за 5,2 секунди и развива максимална брзина од 210 km/h.

Кај верзијата 100D километражата е 565 километри, забрзувањето до 100 km/h за 4,9 сек, а максималната брзина 250 km/h. Цената му е 114.400 евра. И конечно, топ верзијата P100D чини 156.100 евра, развива 774 КС и 967 Nm, поминува 540 километри со едно полнење, забрзува до 100 km/h за 3,1 секунди, а максималната нејзината брзина е исто 250 km/h.

Вoзможно е, сепак, електричниот кросовер на Audi да има некои предности, кои компанијата се уште не се брза да ги открие. Веќе се знае дека e-tron ќе биде првиот сериски автомобил кој ќе има камери наместо странични ретровизори.

Се очекуваше премиерата на моделот да се одржи во август, но е одложена, најверојатно за есента.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close