ЗАБАВАИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Audi e-Tron во новиот спот на Avengers: Endgame

Audi повторно во соработка со Marvel Studios, овојпат спонзорирајќи ја светската премиера на новиот Avengers: Endgame

Во видео спотот наречен „The Debriefing“, Капетан Марвел седи со владин агент, кој има за задача да ја воведе во денешниот модерен начин на живот, по неколкуте децении поминати далеку од Земјата.

На состанокот, таа е воведена во модерната технологија, стилот на живот и новите навики. По неколкуте хумористични линии на дијалогот, агентот ја запознава Капетан Марвел со новиот електричен Audi e-Tron SUV. Спротивно на она што можеби го мислевте, производната верзија на e-Tron нема да биде прикажана во филмот, но затоа ќе го видиме концептниот e-Tron Sportback. Тука е и e-Tron GT Concept, управуван од Iron Man, Тони Старк.

„Бидејќи Тони Старк го претстави на светот иконскиот Audi R8 во 2008 година, фановите на Marvel навистина го прифатија брендот. Сега, ние сакаме да им го претставиме целосно електричниот Audi e-tron SUV, а очекуваме подеднакво иста реакција на фановите и во однос на новиот супер автомобил на Тони Старк, e-Tron GT Concept“, изјави Лорен Ангело, потпретседател на маркетинг одделот на Audi America.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close