Audi ги освежи SQ5 Sportback и Q5 Sportback за Европа
SQ5 Sportback го доби своето освежување за 2021 година, откако Audi одлучи да го опреми со истиот дизел мотор кој се наоѓа и кај „обичниот“ SQ5
Audi одлучи да го освежи SQ5 Sportback за европскиот пазар за 2021 година, а најголемата промена се однесува на моторните единици. 3,0-литарскиот V6 мотор кој пристигнува со 48-волтна блага хибридна технологија сега добива челични наместо алуминиумски клипови, пиезоелектричен сензор кој ги следи вбризгувачките вентили, кратки влезни патишта за воздух и индиректен водено-воздушен ладилник за интеркулерот.
Сето ова резултира со 341 КС моќност, што е помалку од 347 КС колку што имаше SQ5 Sportback минатата година, но и идентични 700 Nm максимален вртежен момент кој се испорачува меѓу 1.750 и 3.250 вртежи во минута. Од Audi велат дека забрзувањето од нула до „стотка“ изнесува 5,1 секунда, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час.
Спортското купе SUV е поставено на 20-инчни тркала, а 21-инчните се достапни како опција и притоа се одликува со унапредени сопирачки и S спортски систем на потпирање и контрола на амортизерите.
Освежување и за обичното спортско SUV купе
„Нормалниот“ Q5 Sportback исто така мина низ фаза на освежување и сега се нуди со три различни мотори во Европа, два дизели и еден бензинец, кои ги пресретнуваат најновите стандарди за емисија. Поставата ги вклучува 40 TDI моделот со 2,0-литарски дизел кој испорачува 204 КС и 400 Nm максимален вртежен момент, спринт до „стотка“ за 7,6 секунди и 222 километри на час максимална брзина. Се карактеризира и со 12-волтен благ хибриден систем во комбинација со седумстепен S троник трансмисија и Quattro систем за погон на сите четири тркала.
Audi Q5 Sportback 50 TDI има 286 КС и 620 Nm, со што времето за спринтот се намалува на 5,7 секунди, а максималната брзина се зголемува на 240 километри на час. Овој модел исто така добива Quattro систем, но и поефикасен 48-волтна блага хибридна технологија.
Тука е и 2,0-литарската бензинска единица кај 45 TFSI која испорачува 265 КС и 370 Nm максимален вртежен момент во комбинација со 12-волтен благ хибриден систем, седумстепен менувач и Quattro погон на сите четири тркала.
Без поголеми промени во однос на Q5 и SQ5
Поставата на Audi Q5 Sportback и SQ5 Sportback TDI го „копира“ изгледот од Q5 и SQ5 за 2021 година, со ревидирани предни светла и карактеристичен DLR потпис, големи отвори за воздух околу решетката, нови странични прагови и OLED задни светла. Купувачите ќе можат да бираат меѓу Advanced и S Line спецификациите, голем број на тримови, вклучително и црниот стилски пакет и една од 12-те бои за финиш на екстериерот.
Во внатрешноста, Q5 Sportback за 2021 година се карактеризира со третата генерација на инфозабавниот систем на Audi (MIB 3), во комбинација со 10,1-инчен екран на допир. Виртуелниот дигитален инструмент кластер со 12,3-инчен екран исто така е вклучен, заедно со head-up екран, сателитска навигација, мулти функционален управувач и голем избор на тапацир, вклучително и Nappa кожа.
Опциите вклучуваат Audi Phone Box, Bang & Olufsen премиум аудио систем, и динамично управување, додека адаптивниот воздушен систем на потпирање со електрична контрола на амортизерите може да се нарача наместо стандардната спортска суспензија.
Audi Q5 Sportback и SQ5 Sportback TDI веќе можат да се нарачаат во Европа и ќе пристигнат на меѓународните пазари пред средината на 2021.