fbpx

Audi ги претстави освежените RS5 Coupe и Sportback

Audi Sport ја завршува годината со ажурирање на два RS модели, давајќи им поагресивен изглед и нова технологија, додека погонската единица останува иста

Промените во надворешниот изглед се најзабележливи во предниот дел на двата модели, каде сега тие добиваат поширока Singleframe предна решетка, следејќи ги стапките на најновите RS6 и RS7, како и опционални LED матрикс фарови. Во меѓувреме, имплицираните воздушни отвори над решетката нè враќаат во иконскиот Audi Sport quattro од 80-тите години. Модифицираните странични прагови, како и новиот дифузер се тука да го комплетираат изгледот на новите модели.

Клиентите ќе можат да го нарачаат дуото RS5 во нови бои наречени „Turbo Blue“ и „Tango Red“, заедно со најразлични стилски карбонски пакети. Зборувајќи за јаглеродните влакна, купето доаѓа со CFRP покрив кој ја намалува тежината на возилото за цели четири килограми. Како стандард, RS5 Coupe и RS5 Sportback се опремени со 19-инчни алуминиумски фелни, а како опционални понудени се и 20-инчни.

„Ревизијата на RS5 Coupe и RS5 Sportback го означува успешниот заклучок на нашата 25-годишнина и обновување на нашиот опсег на модели“, рече извршниот директор на Audi Sport, Оливер Хофман. „Благодарение на стандардниот постојан quattro погон, тие заземаат посебна позиција во нивниот сегмент.“

Влегувајќи во кабината, првото нешто што ќе го забележите ќе биде ажурираниот инфозабавен систем, кој е со 10,1-инчен дисплеј со екран на допир. За оние кои се спреми да доплатат плус, може да го одберат 12.3-инчниот Audi Virtual Cockpit Plus, кој доаѓа и со целосно дигитален инструмент панел. Внатрешноста исто така се карактеризира со два нови индивидуални RS режими, спортски RS седишта покриени со Алкантара и кожа, како и RS дизајн пакет.

RS5

Според Audi, ажурираните RS5 сега имаат подобрено ракување благодарение на изборниот спортски диференцијал на задната оска, кој го распределува вртежниот момент активно помеѓу тркалата. Двата претходно споменати нови RS режими, RS1 и RS2, можат да бидат избрани преку копчето „RS MODE“ на воланот.

Како што напоменавме, освежувањето не го зафатило просторот под моторниот капак, па така RS5 Coupe и RS5 Sportback продолжуваат да ја носат истата 2,9-литарска TFSI твин-турбо V6 единица, која испорачува 444 коњски сили и вртежен момент од 600 Nm. Времето за забрзување до 100 km/h исто така останува исто, со 3,9 секунди.

Продажбата за Европа е предвидена да започне наскоро, при што цените во Германија ќе започнуваат од 83.500 евра за двете верзии.

Поврзани вести

Back to top button