fbpx

Audi го претстави футуристичкиот Skysphere концепт

Германскиот производител се пофали со својот Skysphere Concept, кој е еден од трите концепти со кои се најавува иднината на продукциските автомобили

Audi Skysphere концептот е електричен роудстер со технологија за автономно возење и меѓуоскино растојание кое се издолжува. Електричниот автомобил се одликува со навистина привлечен изглед кој има способност да се трансформира од автономен и удобен ГТ модел во перформансен луксузен спортски автомобил со само еден допир.

Skysphere е креиран во дизајнерското студио на Audi во Малибу од страна на Гаел Базин и неговиот тим. Неговите димензии, карактерот и вратите се инспирирани од Horch 853 роудстерот од 30-тите години на минатиот век, додека севкупниот дизајн е футуристички, претставувајќи елементи кои ќе бидат интегрирани во идните продукциски возила.

Препознатливата singleframe решетка на предниот дел еволуираше во осветлен и целосно затворен панел со голем број на LED светла со што се креира уникатно осветлување. Профилот е скулптуриран со нагласок на мускулните крила, а наклонетата шофершајбна и заштитни сводови зад овозможуваат да се остави мал отворен простор кој може да се покрие со мек покрив.

Skysphere

Напреден и еволутивен дизајнерски јазик

Концептот е поставен на 23-инчни аеродинамични тркала кои се инспирирани од тркалата од минатото, но исто така овозможуваат доволно ладење на регенеративниот сопирачки систем. На крајот, задниот дел е прекриен со стакло зад кој се наоѓа багажниот простор, додека големиот број на LED единици во конкавниот одел под него го отсликува предниот дел.

Најинтересната карактеристика секако е меѓуоскиното растојание кое се издолжува за цели 250 милиметри, па така Skysphere од компакт може да стане чистокрвна лимузина со должина на Audi A8 L. Зголемувањето на растојанието меѓу двете осовини не само што влијае на пропорциите, туку најважно од се влијае на возачките карактеристики. Со оглед на ова, Skysphere концептот може да има должина од 4,94 во спортски режим, па се до 5,19 метри во GT режим, со импозантна ширина од 2 метри и висина од 1,23 метри.

Овој концепт се напојува од единечен електромотор поставен на задната осовина кој испорачува 632 КС и 750 Nm вртежен момент, а благодарение на ова спринтот од нула до „стотка“ се стигнува за 4 секунди. Батеријата има капацитет од 80 kWh и е поставена зад кабината, додека дополнителни модули можат да бидат додадени на централниот тунел меѓу седиштата, со што се зголемува електричниот опсег на над 500 километри.

Skysphere концептот ја добива и најновата верзија на адаптивниот воздушен систем на потпирање на Audi, со што автомобилот може да биде поставен 10 милиметри пониско и со тоа да се променат управувачките карактеристики. Исто така добива и управување на задните тркала и целосно персонализирачки steer-by-wire систем.

Претопувачки ентериер

Како што и може да се очекува од еден концептен автомобил со автономни функции и меѓуоскино растојание кое се издолжува, ентериерот на Skysphere има две различни конфигурации. Во автономниот GT режим со долго меѓуоскино растојание нема никаков управувач или педали, а пред возачот се наоѓа огромниот 55,7-инчен инфозабавен екран кој ја прекрива целата контролна табла. Патниците можат да пристапат до интернет, да присуствуваат на видео конференции и да гледаат филмови. Не постојат физички копчиња, а сите функции се достапни преку површини чувствителни на допир, додека премиум аудио-системот има скриени звучници.

Skysphere

Во Sport режимот се појавуваат управувач и педали, а дел од контролната табла се доближува до возачот заедно со централната конзола со што се креира кокпит. Дизајнот на ентериерот е инспириран од Art Deco со удобни седишта, одржлив тапацир од микрофибер и синтетичка кожа, како и еукалиптус дрво.

Според Audi, овој концепт не е само дизајнерска студија, туку концептен автомобил кој ни покажува што се е возможно да се направи. И додека меѓуосовинското растојание на извлекување бара години развој со цел да се вклопи со безбедносните регулативи, голем број од дизајнерските елементи на автомобилот ќе бидат прифатени од страна на престојните продукциски модели на Audi.

Поврзани вести

Back to top button