Audi го претстави новиот A6 Sedan

Новиот Audi A6 Sedan му се приклучува на на неодамна претставениот A6 Avant, a инспирацијата за моделот потекнува од А7

Audi ја проширува својата A6 понуда со нова генерација на бизнис седан, кој поставува нови стандарди во дизајнот, аеродинамиката и удобноста при возење. Со коефициент на отпор од само 0,23, новиот A6 Sedan е најефикасниот модел со мотор со внатрешно согорување во историјата на брендот.

Моделот комбинира елегантен изглед, технолошки иновации и хибридна MHEV plus технологија, која овозможува делумно електрично возење, намалени емисии и подобри перформанси.

Audi A6 Sedan

Спортска динамика и премиум комфор

Екстериерот на новиот A6 е јасен, прецизен и впечатлив. Ниската Singleframe маска, тенките светла и аеродинамично обликуваната каросерија придонесуваат за моќен и современ изглед. Задниот дел, со остро обликуван багажник и широк дифузер, не само што изгледа престижно, туку значително помага за стабилноста при возење на автопат.

Со опционалната адаптивна воздушна суспензија, A6 ја регулира висината на возење за подобра динамика и намален отпор. Во спортски режим, автомобилот се спушта до 30 мм, со што добива уште поизразен спортски карактер.

Audi A6 Sedan

Управување на сите тркала

Опционалниот систем за управување на сите тркала ја зголемува агилноста и стабилноста. При мали брзини, задните тркала се движат во спротивен правец од предните, овозможувајќи полесно маневрирање. При високи брзини, сите тркала се движат во ист правец за стабилност во свиоци.

Значајно е подобрена и звучната изолација, со редукција на амбиенталниот шум до 30% во споредба со претходниот модел. Новоразвиените носачи на моторот и менувачот придонесуваат за тивко и релаксирано возење.

Audi A6 Sedan

Благ хибриден погон за подобра ефикасност

Новите 2.0 TDI (204 КС) и 3.0 TFSI (367 КС) мотори ја користат благата хибридна технологија MHEV plus, која овозможува електрично паркирање и маневрирање, возење на струја при ниски брзини, моментален вртежен момент од 230 Nm и дополнителна сила од 18 kW (24 КС), како и регенерација на енергијата до 25 kW при забавување.

Со тоа, A6 не само што е динамичен и удобен, туку и поефикасен и еколошки прилагоден на урбаниот ритам на живеење.

Производство и глобална дистрибуција

Новиот Audi A6 Sedan ќе се произведува во Neckarsulm, Германија, и ќе се продава на глобално ниво. Со врвна технологија, елегантен дизајн и делумна електрификација, новиот A6 го дефинира идниот стандард на премиум бизнис-седаните.

Поврзани вести

Back to top button