fbpx

Audi Holoride за необични патувања

На CES во Лас Вегас Audi ја претстави својата нова технологија Holoride, со која не внесува во нов виртуелен свет

Holoride има за цел да Ве внесе во виртуелен свет без да го напуштите Вашиот автомобил. Иако ова е независна компанија, сепак почетоците се тесно поврзани со Audi. Audi ќе ја лиценцира технологијата на Holoride, а стартувањето ќе користи отворена платформа која ќе им овозможи на други производители на автомобили и програмери можат да ја користат и да ја надоградуваат во иднина со каква било форма на виртуелна реалноста.

Holoride

Идејата за созадавање на Holoride е на Маркус Кихен, шеф во проектот за искуство на Audi VR и Даниел Профендинер, софтверски инженер во компанијата, кои работеле на ист патент за користење на виртуелната реалност како продажна апликација и за симулациски цели. Двојката ја претставил идејата на Нилс Волни, раководител на центарот за дигитален бизнис и искуство со клиенти во Audi, кој го препознава потенцијалот.

Брендот ја искористил технологијата за да ги прикаже “Marvel’s Avengers: Rocket’s Rescue Run”, игра во која корисникот е дел од вселенскиот брод од филмот Чувари на Галаксијата. Ова не е прв ваков потфат на Audi. Исто така Audi се појавува и во филмовите Iron Man каде Тони Старк вози Audi R8 и Spider-Man: Homecoming.

Според компанијата Holoride ќе биде достапен за три години.

Поврзани вести

Back to top button