ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Audi евидентира ново јубилејно достигнување

Фабриката на Audi во Ѓер (Унгарија) забележа импресивен резултат, откако произведе 500.000 возила за 20 години

Audi Hungaria ZrtФабриката на Audi во Ѓер (Унгарија) забележа импресивен резултат, откако произведе 500.000 возила за 20 години. Јубилејната машина е зелено TT S, наменет за пазарот во Велика Британија. Во фабриката, отворена во 1998 година, до 2013 година се составуваат погонските системи за моделот. По проширувањето на производството во 2013 година, во објектот се прават и модели како A3. Деновиве се очекува во истата фабрика да стартува и производството на кросоверите Q3 и Q4, кој најверојатно ќе биде претставен во 2019 година.

Audi Hungaria ZrtAudi Hungaria Zrt

Во Audi Hungaria Zrt., како што се нарекува фабриката, работат околу 12.000 лица, што е околу 1/10 од населението на градот. Според Арнд-Роберт Спонагел, член на управниот одбор на фабриката, идниот Audi Q3 2018 е речиси готов за масовно производство во фабриката, а дел од компонентите сепак ќе бидат направени во Инголштат, а потоа испратени во Ѓер.
Освен старт со монтажата на два идни модели на Audi, се очекува да биде отворен и оддел за производство на мотори и каросерии за моделите.

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Close