fbpx

Audi ја најавува новата PPE платформа

Наречена и „Road map E“, Audi ја најави новата платформа кој ќе биде една од четирите архитектури што се користат за електрични возила

Германската компанија започна сериозно да се залага за електрификацијата, така што до 2025 година Audi планира да понуди 30 електрични возила. Тие ќе играат важна улога во иднината на компанијата, а речиси 20 од нив ќе бидат целосно електрични модели.

Сепак, компанијата нема да се ослони само на една платформа, најавувајќи дури четири различни архитектури на кои ќе ги базираат нивните модели. Веќе го видовме првиот E-tron кој е основан на изменета верзија на MLB evo платформата.

Поголеми промени ќе се појават во иднина, бидејќи претстојните модели ќе се основаат на платформи дизајнирани специјално за електрични возила. Првата од нив ќе биде производствената верзија на E-tron GT концептот што беше воведена минатата година. Моделот ќе пристигне во 2020 година и ќе се заснова на J1 платформата ориентирана кон перформансите, која го поддржува Porsche Taycan.

Поврзани вести

Back to top button