Audi ја претстави новата генерација на A3 седан

Германскиот гигант Audi, по најновиот A3 Sportback, сега ја претстави својата втора генерација на седан верзијата на A3

Ако се суди според дизајнот и надворешниот изглед, втората генерација на Audi A3 седан доживеа само мали, суптилни промени во однос на претходната генерација. А3 седан е подолг, поширок и повисок во однос на претходниот модел, додека капацитетот на багажникот останува непроменет и изнесува 425 литри. Автомобилот е базиран на истата, но подобрена MQB платформа како и новиот Volkswagen Golf. Оваа платформа е полесна во однос на онаа претходната.

Новата генерација на A3 седан доби дигитални дневни светла кои се сочинети од 15 LED сијалици, а одредени нивоа на опременост имаат и индивидуален светлосен потпис по кој се разликуваат. Аеродинамиката е подобрена во однос на претходно пред се благодарение на повисокиот заден дел и големиот дифузор, а коефициентот на отпор на воздухот изнесува 0,25, односно 0,04 помалку од претходно. Доводот на воздух за ладење се подесува благодарение на два електронски модули кои се наоѓаат зад решетките на ладилникот и го регулираат протокот на воздух зависно од ситуацијата.

Audi A3

Од Audi тврдат дека лимузината е конфигурирана на тој начин да делува поспортски и попрецизно во однос на првата генерација. Најголема заслуга за сето тоа има новиот централизиран динамички систем на управување кој обезбедува оптимална интеракција на сите компоненти. Во понудата ќе се најде и спортски систем на потпирање, како и систем со прилагодливи амортизери.

Audi A3

Ентериерот пристигнува со најмногу новини

Во внатрешноста, каде се случија најголеми промени во однос на претходната генерација, се наоѓа 10,25-инчен дигитален инструмент екран, како и 10,1-инчен екран од инфозабавниот систем чувствителен на допир кој е благо насочен кон возачот. Ротирачките контроли од клима-уредот се заменети со копчиња, наспроти тенденцијата на Audi кој, како што рековме, направи големи промени во внатрешноста. Тоа најмногу се однесува на командите, односно германскиот производител го намали бројот на физичките копчиња и го отфрли познатиот ротирачки контролер на централната конзола. Така, моделите со автоматски менувач добија нова рачка, а на располагање е и сензор за засилување и намалување на звукот со кружни движења на прстот.

Audi A3

Audi A3 седан верзијата ја доби и третата генерација на MMI Navigation Plus инфозабавниот систем кој може да има до шест кориснички профили, да послужи како WiFi „хотспот“, да нуди информации за сообраќајот, а подобрени се и гласовните контроли.

Широкa палета на мотори

Кога станува збор за моторните единици, тука е 1,5-литарскиот TFSI бензинец со моќност од 150 КС, а доаѓа во комбинација со 48V блага хибридна технологија која беше воведена со A3 Sportback. Оваа технологија е достапна само со Audi S tronic седумстепениот менувач со двојна спојка, а од германската компанија ветуваат 10 проценти помала потрошувачка и емисија на CO2 од 107 g/km.

Audi A3

Тука се и уште два агрегати, истиот TFSI кој испорачува 150 КС, но е во комбинација со шестстепен мануелен менувач, како и 2,0-литарскиот TDI кој исто така развива 150 КС и доаѓа со седумстепен S tronic менувач. Подоцна во понудата ќе се појави и 2,0-литарскиот TDI мотор со 116 КС, како и 1,0-литарскиот 30 TFSI трицилиндерски мотор кој ќе понуди 110 КС. Овој мотор ќе биде достапен со 48V благата хибридна технологија, во комбинација со автоматски менувач. Нешто подоцна на пазарот се очекуваат и две plug-in хибридни верзии.

Кога станува збор за цената, основниот модел на Audi A3 со трицилиндерски TFSI мотор во Германија чини 27.700 евра.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close