fbpx

Audi подготвува нови модели – Q9 и TT со четири врати

Германскиот автомобилски производител од Инглоштад најавува големи новости за актуелната година

Понудата на Audi веќе ги покрива поголемиот дел од сегментите на пазарот на премиум автомобили, а германските медиуми најавуваат дека оваа година ќе видиме уште два нови модели.

Очигледно поттикнат од големотор ивалство со Mercedes-Benz GLS и BMW X7, Audi сака и самиот да се уфрли во оваа приказна со својот нов SUV модел – Q9.

Долгоочекуваниот Q9 наводно ќе се појави кон крајот на оваа година. Спротивно од претходните шпекулации, Auto Bild тврди дека Q9 ќе биде голем кросовер со три реда на седишта кој ќе биде ривал на BMW X7 и Mercedes-Benz GLS. Q9 би можел да добие и RS верзија со високи перформанси со 592 КС.

За моделот Q9 се шпекулира веќе подолго време, а Audi веќе го заштити тоа име, меѓутоа, претходно се шпекулираше дека би можел да добие облик инспириран од купе моделите.

Вториот модел за кој се зборува е Audi TT. Овој модел во продолжена верзија со четири врати носи уште повеќе спортски дух во марката, а се очекува да ги замени A3 Sportback и А5 Sportback пред крајот на 2021. година. Според дизајнот ќе потсетува на првичниот Audi Quattro, а во понудата ќе се најдат и хибридни и целосно електрични верзии.

Нема сомнежи дека TT повеќе нема да биде достапен како купе и roadster по актуелната генерација, а нам ни останува да почекаме Audi официјално да ги најави и претстави новите модели

Поврзани вести

Back to top button