fbpx

Аudi најавува суперсоничен електричен концепт

Audi објави дека компанијата ќе претстави целосно нова електрична суперспортска изведба за време на Pebble Beach Car Week во Калифорнија, следниот месец

Во моментов од Audi не нудат никакви детали за премиерата, туку само ја најавуваат неговата ознака- PB 18 e-tron, формирана од локација за дебито (Pebble Beach), годината (2018) и кратенката за електричните изведба на марката- e-tron. Од лабораториите од Инголштад потенцираат дека PB 18 e-tron ќе треба да демонстрира една идеја за вистински спортски автомобил на иднината, а дизајнот е дело на Malibu Design Loft.

Што навистина нуди Господарот на прстените ќе видиме на лице место на Запдниот брег на 23 август.

Поврзани вести

Back to top button