ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Audi PB18 ја навестува иднината на спортски автомобили

Во рамките на Pebble Beach Concours d'Elegance во Монтереј, Audi покажа атрактивно концепт возило PB18

Идејата на студијата е да покаже како може да изгледаат спортски автомобили во догледна иднина. Во однос на дизајнот, можеме да видиме многу референци за вистинскиот сериски R8. Покрај тоа, откриваме црти познати од супер изведбите, но и такви кои сме ги виделе кај спортските изданија, па дури и „набилданите“ креации.

Погонот доаѓа од три електромотори, еден е лоциран на предната оска и има максимална моќност од 200 КС, а другите два се грижат за задните тркала. Таму максималната моќност е 600 КС (комбинирано). Вкупната моќност на електричната машина е 671 КС во нормален режим на движење. Возачот може да активира overboost функција која ја зголемува моќноста на 764 КС (привремено).

1 | PB18
2 | PB18
3 | PB18
4 | PB18

    Засега нема податоци од мерења за забрзување и максимална брзина, но Германците претпоставуваат дека со оваа моќност и ефикасност на електромоторите автомобилот ќе има потреба од околу две секунди за да достигне до „стотка“.

    Напојувањето на електромоторите доаѓа од 98-киловатчасови батерии од типот solid state кои обезбедуваат максимален километража со едно полнење од околу 500 километри мерено според новиот циклус WLTP.

    Клучни зборови

    Поврзани вести

    Close