fbpx

Audi подготви S Line Black Edition третман за e-Tron

Audi лансира специјална верзија на e-Tron електричниот кросовер наречена S Line Black Edition која ќе биде достапна за „обичниот“ модел, како и за Sportback варијантата

Електричниот кросовер на Audi, моделот e-Tron добива нов изглед благодарение на новиот S Line Black Edition пакет. Благодарение на оваа верзија, моделот добива затемнети Singleframe решетка, беџови и капаци на ретровизорите. Покрај тоа, тука се и црните 21-инчни Audi Sport тркала зад кои се наоѓаат портокалови сопирачки.

Black Edition верзијата исто така пристигнува со избор на три ексклузивни бои на екстериерот, а тоа се Chronos Gray, Glacier White и Mythos Black. Промените на екстериерот се заокружуваат со затемнетите задни стакла и LED светла на долниот дел од вратите кои ги проектираат зборовите „E-Tron Black Edition“ кога истите се отворени.

Слично како и на екстериерот, така и ентериерот добива S Line Black Edition третман, а тоа пред се се однесува на црните спортски седишта со контрастни портокалови конци и појаси. Централните делови на седиштата, како и внатрешниот дел од вратите се обложени со новиот Dynamica материјал кој е направен од 45 проценти рециклиран полиестер, додека достапна е и Valcona кожа. На крајот, инструменталниот панел е обложен со вештачка кожа со декоративни карбон елементи.

e-Tron Black Edition

Предпродажбата на Audi e-Tron S Line Black Edition веќе започна во Германија и другите европски пазари, а цената започнува од 79.350 евра за e-Tron 50 Quattro и 91.750 евра за e-Tron 55 Quattro, додека Sportback варијантите чинат 2.250 евра повеќе.

Поврзани вести

Back to top button