Audi потврди дека следниот RS4 ќе добие plug-in хибриден погон
Audi Sport допрва треба да ја претстави освежената верзија на тековниот RS4 Avant, а за следната генерација на моделот најави и plug-in хибридна изведба
Управниот директор Оливер Хофман потврди дека следната генерација на RS4 ќе се префрли на plug-in хибриден погон, бидејќи Audi Sport има во план да ги електрифицира сите свои модели во иднина.
Оваа стратегија започнува токму со новите RS6 Avant и RS7 Sportback, кои се опремени со 48V блага хибридна технологија, прва во моделите на RS. Audi Sport е во процес на проширување на својот опсег со редизајнираниот RS4 и новиот RS Q3, поставен за лансирање пред крајот на годината, придружувајќи се на TT RS, RS3, RS5 и споменатите RS6 и RS7 Sportback. Наскоро се очекува да излезе дури и RS Q8.
Што се однесува до сегашната генерација на RS4, се очекува да го задржи својот твин-турбо 2,9 литарски V6 мотор во претстојната редизајнирана верзија. Што се однесува пак до излезната моќност, не е познато дали моделот ќе добие зголемување на коњските сили или сепак ќе се придржи до моменталниот излез до 444 коњски сили, кои овозможуваат забрзување до 100 km/h за 4,1 секунди.
Хофман исто така потврди дека следниот R8 ќе користи електрифициран погон, но не прецизираше дали ќе се работи за хибриден или целосно електричен. Според досегашните информации, втората варијанта е многу поверојатно, бидејќи Audi наводно ја фаворизира идејата за целосно електричен R8 кој ќе се приклучи на E-Tron GT во нивниот опсег.