ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Audi размислува за електричен наследник на R8

Audi наводно планира целосно електричен наследник за својот спортски автомобил R8, за кој има намера да соработува со Rimac

Според извештаи на британски медиуми, германскиот производтел планира целосно електричен наследник за спортскиот R8, а веќе донесена е одлука за името на моделот, производниот погон, како у планираниот датум за почеток.

Електричниот наследник на R8 ќе се вика RS e-Tron и ќе биде склопен во Böllinger Höfe фабриката во Хајлброн, Германија почнувајќи од 2023 или 2024 година. Сегашниот R8 со конвенционален погон се произведува во фабрика во близина на погонот Neckarsulm. Како и да е, ова нема да биде првиот електричен модел произведен во Хајлброн. Како што е соопштено, погонот моментално се прилагодува за производството на e-Tron GT, кое треба да започне од крајот на 2020 година.

R8

Првите клучни податоци се исто така протечени. Најверојатно користејќи ја технологијата на Rimac, за RS e-Tron планирани се четири електрични мотори, кои ќе испорачуваат вкупна моќност од околу 900 коњски сили и батериски пакет од 95 kWh. Погонот, може да го забрза автомобилот до 100 km/h за 2,5 секунди, а притоа да обезбеди опсег од околу 480 километри.

„Audi Sport мора да има електрична мобилност, а иконите на нашите брендови мора да станат електрични. Разговараме за спортски автомобили и RS возила на кои им е потребна промена кон е-мобилност“, изјави Јоаким Ротшенспилер, главен директор за развој на Audi.

Електричниот автомобил на Audi се очекува да достигне цена од околу 200.000 долари.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close