fbpx

Лос Анџелес 2019: Audi RS Q8 со V8 и 591 КС

Претставен како најмоќен SUV модел на брендот, Audi RS Q8 доаѓа со моќен погон и возбудлива зелена боја

На врвот на SUV листата на Audi, новиот RS Q8 е придвижуван од 4,0 литарски двоен-турбо-напојуван V8 мотор, кој испорачува моќност од 591 коњски сили и 800 Nm вртежен момент помеѓу 2,200 и 4500 вртежи во минута. Компанијата најави спринт до 100 km/h за 3,8 секунди, а до 200 km/h забрзува за 13,7 секунди, пред да достигне електронски ограничена максимална брзина од 250 km/h, која со избирање на Dynamic пакетот се искачува на 305 km/h.

Како и моторот што го користи најновиот Audi RS6 Avant, погонот на RS Q8 се базира на главен електричен систем од 48 волти, со што претставува модел со благ хибриден систем. За време на забавување и сопирање, погонот може да поврати до 12 kW моќност и да ја чува во својата компактна литиум-јонска батерија.

RS Q8

За да помогне во ефикасноста на погонот, постои систем за деактивација на цилиндрите 2, 3, 5 и 8, при ниско до средно оптоварување и вртежи во минута кај повисоките брзини. Исто така, постои старт-стоп систем. Моќноста е испратена до сите тркала преку перформансен погонски систем, споен со осум-степен Tiptronic менувач.

Како стандард, кај RS Q8 вклучен е адаптивен систем за воздушно потпирање, кој ја менува возната висина во граници од 90 mm. Исто така, постои електромеханички активен систем за стабилизација, кој го минимализира пливањето на шасијата во свиоци при големи брзини. Достапни се осум различни режими на возење: Comfort, Auto, Dynamic, Efficiency, Allroad, Offroad, и индивидуално конфигурираните RS1 and RS2. Секако, и системот за потпирање е ревидиран со цел да одговара со перформансите на германскиот SUV.

RS Q8

Во поглед на надворешните измени, RS Q8 изгледа навистина поагресивно од стандардната изведба. На предната страна, новиот SUV усвојува заканувачка нова фасција со зголемени влезови за воздух и сјајни црни акценти, додека на задниот дел се наоѓаат познатите Audi Sport издувни врвови. Клиентите можат да избираат помеѓу две различни конфигурации на LED предните светла, вклучувајќи ги и RS Matrix LED светлосните единици. Изгледот е комплетиран со 22-инчните алуминиумски тркала, кои доаѓаат како стандард.

Внатрешноста се истакнува со лунарна сребрена ткаенина, лунарно сребрена и црна Алкантара. Постојат специфични RS-дисплеи во виртуелниот кокпит на Audi и централниот MMI дисплеј, додека head-up дисплејот е опционален. Audi изработи и нови спортски седишта изработени во комбинација на Напа кожа и Алкантара.

Новиот Audi RS Q8 ќе пристигне во текот на првиот квартал на 2020 година, а цените во Германија ќе започнат од 127.000 евра.

Поврзани вести

Back to top button