fbpx

Audi RS4 и RS5 добија Competition пакети за подобри перформанси

Германскиот производител Audi ги подобрува перформансите и возачката динамика кај RS4 Avant и RS5 Coupe и Sportback со новите Competition пакети

Audi ги најави новите Competition и Competition Plus пакети за RS4 Avant, RS5 Coupe и RS5 Sportback, подобрувајќи ја нивната возна динамика и перформанси, а притоа додава и минимални визуелни промени.

Новата опција вклучува мануелно прилагодливи RS Sport Pro спирални пружини на системот за потпирање кои ја намалуваат висината на возилото за 10 милиметри во однос на фабричкиот модел, нудејќи дополнително намалување за 10 милиметри (за вкупни 20 милиметри) во споредба со стандардните RS4 и RS5 модели. Новиот систем за потпирање пристигнува со тронасочни подесувачки амортизери и стабилизитари. Иако оваа поставка на суспензијата звучи како да е скроена за тркачките патеки, од компанијата велат дека поседува фин баланс меѓу удобност и перформанси.

Audi RS4 RS5 Competition

Возачките динамики се подобрени со додавањето на Quattro спортскиот диференцијал, унапредениот софтвер за автоматскиот менувач и ECU единицата, ретјунираниот ABS и фиксираниот управувачки сооднос од 1:13.1. RS керамичкиот сопирачки систем ја намалува сопирачката дистанца за два метри во тестот од 100 до 0 километри, додека опремувањето со Pirelli Corsa P Zero пневматици придонесува за подобро ниво на триење и подобро управување. На крајот, RS Sport Plus издувниот издувниот систем со четири црни завршетоци придонесуваат за подобар звук, комбинирано со намалената звучна изолација меѓу кабината и пределот на моторот.

Audi RS4 RS5 Competition

Ист мотор, но подобри перформанси

И покрај тоа што битурбо 2,9-литарскиот V6 ги испорачува истите 450 КС и 600 Nm максимален вртежен момент, перформансните бројки се подобрени. Опремен со Competition Plus пакетот, RS4 Avant од нула до „стотка“ стигнува за 3,9 секунди (за 0,2 секунди побрзо), додека на RS5 Coupe и Sportback им требаат 3,8 секунди (минус 0,1 секунда) за истиот спринт. Покрај ова, сите Competition пакети ја зголемуваат максималната брзина на 290 километри на час.

Визуелно, највпечатливата промена се 20-инчните тркала од лесна легура кои се опционално достапни во Phantom Black. Покрај ова, пакетите носат и сјајно црн финиш на беџовите, стандардни Matrix LED фарови и Carbon Matte Optics Package. Во внатрешноста се наоѓаат Piano Black акценти на страните на RS Sport седиштата кои можат да добијат опционален Dinamica / Pearl Nappа тапацир.

На европскиот пазар, Competition пакетот чини 7,875 евра, додека за Competition Plus ќе треба да се издвојат 11.875 евра.

Поврзани вести

Back to top button