fbpx

Audi со лимитирана серија Nogaro врз RS6 со над 700 „коњи“

Audi направи посебна модификација на набилданата RS6 изведба

Се вика Nogaro, од која ќе бидат произведени само 150 парчиња.

Со оваа верзија, производителот на Инголштад ќе се збогува со актуелната генерација на моделот. Името Nogaro беше избрано за да ја одбележи сината боја на компанијата на првиот RS2 спортски автомобил, кој беше направен во 1994 година. Оваа нијанса се користи за каросеријата RS6, како и за некои внатрешни елементи.

Набилданиот караван е опремен со 4,0-литарски би-турбо V8 мотор, кој во стандардниот модел развива 605 КС. Во верзијата , производителот има инсталирано пакет на надградби од ателјето на ABT Sportline. Благодарение на нив, моќноста се зголемува на 705 КС и максималниот вртежен момент се зголемува од 750 до 880 Nm.
Nogaro

Стандардниот Audi RS6 забрзува од 0 до 100 km/h за 3,7 секунди. Колку време ќе и треба на верзијата Nogaro не е познато? Се знае само дека максималната брзина на овој автомобил ќе се зголеми од 305 до 320 km/h.Исто така познати се и цените на Audi RS6 Nogaro за Германија. Таму ќе започнат од 124.600 евра, што е за 6.200 евра повеќе од стандардниот модел.

Nogaro

Поврзани вести

Back to top button