НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

„Уловен“ најмоќниот Audi

Папараци успеаја да го „фатат“ новиот Audi RS7 Sportback без маска за време на патните тестирања во Шпанија

Набилданиот лифтбек ќе биде претставен кон крајот на следната година и ќе стане најмоќниот сериски модел во историјата на брендот.

Audi RS7 Sportback

RS7 SportbackАко судиме според фотките, следниот RS7 Sportback нема да биде многу различен од сегашниот. Очигледно е дека следат набилдани браници, зголемување на отворите за воздух, дифузор одзади и овални цевки од издувот. Според првичните информации, новиот RS7 ќе биде достапен во две верзии. „Основната” ќе биде опремена со 4.0-литарски V8 со два турбополначи и моќност од 550 КС, преземен од Panamera Turbo. Со него забрзувањето до „стотка“, ќе трае околу 4 секунди, а максималната брзина ќе биде ограничена на 250 km/h.
RS7 Sportback
Техниката од Porsche ќе го добие топ-изведбата Audi RS7 Plus. Тој ќе биде опремен со хибридната опција на Panamera Turbo S E-Hybrid во која 4.0-литарскиот осмак е помогнат од електромотор, а вкупната моќност достигнува 680 КС. Вака спакуваната изведба ќе забрзува до „стотка“ за 3,5 секунди и ќе патува до 50 km само на електрична енергија.

Клучни зборови

Поврзани вести

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker