fbpx

Audi S3 во седан и хечбек варијанта уловени без камуфлажа

Audi ќе го понуди перформансниот модел S3 во две каросериски варијанти, што беше познато од претходно, а сега двата новитети се „уловени“ без камуфлажа

Audi S3 беше за прв пат објавен во февруари на официјални фотографии, но со маскирна фолија, а сега за прв пат S3 во двете каросериски изведби е забележан без никаква камуфлажа со што се открива изгледот на перформансните модели. Тандемот се карактеризира со идентични аеродинамички додатоци на каросеријата кои јасно сугерираат дека станува збор за спортски верзии. Audi S3 пристигнува со зголемени отвори за воздухот во браникот, а дел од деталите се сместени и над маската од ладилникот. На задниот дел се наоѓа издувниот систем со четири издувни цевки, а седан верзијата доби и суптилен спојлер на багажникот.

Audi S3

На фотографиите може да се забележи дека куќиштата од ретровизорите се во иста боја како каросеријата, а на претходните генерации истите беа во сребрена боја. Сепак, не е исклучено Audi да го промени тоа, бидејќи тука станува збор за прототип примероци со кои не сака да привлекува големо внимание.

Од претходно е познато дека Audi S3 ќе се напојува со 2,0-литарски четирицилиндричен турбо бензинец кој развива 310 КС и 400 Nm максимален вртежен момент. Моќноста се пренесува на сите четир итркала благодарение на седумстепениот S Tronic автоматски менувач со двојна спојка.

Audi S3

Исто така, новиот Audi S3 Sportback во целост ќе ја наследи шасијата на моделот од претходната генерација, со исклучок на тоа што е одлучено да се напушти технологијата на опционен адаптивен систем на потпирање, а слична технололгија ќе биде применета и кај седан верзијата.

Германската компанија се уште го нема објавено датумот за официјалната премиера, но веројатно не би требало да се чекаме многу за истата. По дебито на четвртата генерација Audi S3, останува да пристигне уште побруталната верзија со ознаката RS3.

Поврзани вести

Back to top button