fbpx

Audi Sport го покажа R8 LMS GT3 Evo II тркачкиот автомобил

Германски Audi ја претстави својата најнова верзија на R8 LMS GT3 тркачкиот автомобил за новата 2022 сезона

Во март 2015 година Audi Sport дивизијата ја претстасви LMS GT3 верзијата на втората генерација на R8 тркачкиот автомобил, пред да ја унапреди својата машина во 2018 година. Сега, три години подоцна, германскиот производител ја претстави Evo II спецификацијата на својот суперавтомобил со централно поставен мотор кој е сместен меѓу GT2 и GT4 во поставата на R8.

Audi R8 LMS GT3

Унапреден за новата 2022 тркачка сезона, R8 LMS GT3 Evo II пристигнува со неколку промени на повеќе полиња, почнувајќи од аеродинамиката, преку шасијиата, контролата на триење, преку карактеристиките на моторот, па се до контролата за клима уредот. Претходната генерација на моделот се потпираше на подот кога станува збор за потисната слика, а сега за тоа во најновата конфигурација на тркачкиот автомобил е задолжено новото масивно задно крило.

Audi R8 LMS GT3

За прв пат, системот за потпирање на Audi R8 LMS GT3 се одликува со амортизери кои можат да се подесат во четири нивоа, додека системот за контрола на триењето има повеќе опции од било кога. Инженерите на Audi Sport развија и нов воздушен отвор за моторот кој овозможува подобра испорака на максималниот вртежен момент од 5,2-литарската V10 единица која испорачува до 585 КС. Моќноста се испраќа на задните тркала преку секвенцијалниот шестстепен менувач.

Треба да се напомене дека цената за тркачкиот автомобил порасна драстично во однос на оригиналната верзија, па новиот модел ќе чини 429.000 евра, а тимовите и сопствениците на претходниот R8 LMS GT3 можат да го нарачаат комплетниот кит за унапредување и да го монтираат на своето возило.

Поврзани вести

Back to top button