fbpx

Audi Sport ја проширува SUV линијата со RS Q3 и RS Q3 Sportback

Новите купе-SUV модели дебитираат со 395 КС и ја прошируваат поставата на високо перформансните кросовери на фирмата

Под моторниот капак на перформансните кросовери, Audi го постави 2,5 литарскиот пет-цилиндарски турбо мотор, кој кај RS Q3 и RS Q3 Sportback произведува моќност од 395 коњски сили и вртежен момент од 480 Nm. Моќноста се пренесува до сите четири тркала со системот quattro преку седум-степениот S tronic менувач.

Во поглед на перформанските, ваквата конфигурација им овозможува на моделите да забрзаат до 100 km/h за само 4,5 секунди, пред да ја достигнат максималната ограничена брзина од 250 km/h. За оние кои се фанови на адреналинот и сакаат нешто повисока крајна брзина, може да ја нарачаат опцијата која ја зголемува максималната брзина на 280 km/h.

RS Q3

Со оглед дека се работи за RS модели, измените продолжуваат и во останатиот дел на RS Q3 и RS Q3 Sportback, па така тие се опремени со спортски систем за потпирање кој ја намалува возната висина за 10 mm. Достапен е и RS системот за потпирање кој се одлукува со активни амортизери и доаѓа со динамичка контрола на шасијата. Системот за управување е исто така ревидиран, а инженерите го заменија стандардниот систем за кочење со високо-перформансен, кој доаѓа со вентилирачки и перфорирани челични дискови и шапи со шест клипа.

Што се однесува до надворешниот дизајн, RS Q3 и RS Q3 Sportback доаѓаат со агресивен преден браник, поистакната Singleframe решетка и 20 или 21-инчни алуминиумски фелни. Движејќи се кон задниот дел, кросоверите се одликуваат со уникатен заден спојлер, RS заден браник со интегриран дифузер и масивен двоен издувен систем.

Специјалниот стајлинг продолжува и во кабината, каде возачите ќе седнат позади управувачот со рамно дно на кој се поставени нови педали со алуминиумски завршетоци. Седиштата се изработени во комбинација од кожа и Алкантара со RS амблеми, додека пак на листата со опции достапни се и кожните Nappa седишта со контрастни шивови.

Во Европа, нарачките за RS Q3 и RS Q3 Sportback ќе започнат во октомври и ќе пристигнат кај импортерите до крајот на годината. Цените во Германија започнуваат од 63.500 евра за RS Q3 и 65.000 евра за RS Q3 Sportback.

Поврзани вести

Back to top button