ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Audi Sport прославува 25 години од RS моделите

Пред 25 години, првиот модел Audi RS беше лансиран на пазарот во форма на Audi RS 2 Avant, одбележувајќи го почетокот на успешната приказна

Со блискоста до моделите наменети за мото-спортот, како и својата ексклузивност, Audi RS моделите секогаш одржаа посебно високо ниво на фасцинација кај публиката. До денес, Audi Sport претстави вкупно 25 RS модели. Во 2019 година се презентираат уште шест нови производни иновации, од кои два се целосно нови RS модели.

Во Audi, ознаката RS се залага за филозофија што се води од потрага по врвни перформанси и совршенство. „Секој модел на RS ја изразува страста што ја вложуваме во развојот на нашите автомобили со високи перформанси. Во текот на 25 години, нашите клиенти ги доживуваа моделите на RS како маестрални придружници за секојдневниот живот кои пренесуваат чиста емоција и максимално уживање во возењето“, изјави Оливер Хофман, управен директор на Audi Sport.

RS модели

Првиот RS модел потекнува од 1994 година. Моделот беше претставен во форма на Audi RS 2 Avant, кој означуваше само почеток на она што знакот RS ќе се развива низ годините што доаѓаат. Тој беше еден од првите каравани со високи перформанси, опремен со пет-цилиндарскиот турбо мотор со 311 коњски сили. Оттогаш, дивизијата Quattro на Audi, откако беше преименувана во Audi Sport, додаде уште 24 модели во редовите на RS.

Иако RS моделите доаѓаат во различни форми, големини и конфигурации на моторот, значката засекогаш ќе ги трасира своите почетоци назад кон пет-цилиндарскиот мотор, кој денес доаѓа во форма на 2,5 литарска единица. Тој го создава уникатниот звук кој лесно може да се поврзе со некои од најбараните модели на брендот.

RS модели

Со цел да го одбележи јубилејот, Audi во Некарсулм направи изложба со примерок од секој RS модел што некогаш бил продаден. Освен производните модели, Audi соопшти дека има и 14 ретки RS модели, вклучувајќи го и Audi RS 8, кој никогаш не влегол во производство.

Денес, Audi Sport во својот опсег има седум RS модели: Audi TT RS Coupé, Audi TT RS Roadster, Audi RS 3 Sportback, Audi RS 3 Sedan, Audi RS 4 Avant, Audi RS 5 Coupé и Audi RS 5 Sportback.

За ониe љубопитните, целосната листа на RS моделите, хронолошки подредена:
• Audi RS 2 Avant (1994): 2,2 литарски пет-цилиндарски турбо, 326 КС
• Audi RS 4 Avant (2000): 2,7 литарски V6 би-турбо, 380 КС
• Audi RS 6 Sedan и RS 6 Avant (2002): 4,2 литарски V8 би-турбо, 450 КС; од 2004 – RS 6 plus, 480 КС, ограничен на 999 примероци
• Audi RS 4 Sedan (2005), RS 4 Avant (2006), RS 4 Cabriolet (2006): 4,2 литарски V8, 420 КС
• Audi RS 6 Sedan и RS 6 Avant (2008): 5,0 литарски V10 би-турбо, 580 КС,
од 2010 – RS 6 со максимална брзина од 303 km/h
• Audi TT RS Coupé и TT RS Roadster (2009): 2,5 литарски пет-цилиндарски, 340 КС; од 2012 – plus верзија, 360 КС
• Audi RS 5 Coupé (2010) и RS 5 Cabriolet (2012): 4,2 литарски V8, 450 КС,
• Audi RS 3 Sportback (2011): 2,5 литарски пет-цилиндарски, 340 КС
• Audi RS 4 Avant (2012): 4,2 литарски V8, 450 КС
• Audi RS Q3 (2013): 2,5 литарски пет-цилиндарски, 310 КС;
од 2014 – 340 КС; од 2016 – performance version, 367 КС
• Audi RS 6 Avant (2013): 4,0 литарски V8 би-турбо, 560 КС;
од 2015 – performance верзија, 605 КС
• Audi RS 7 Sportback (2013): 4,0 литарски V8 би-турбо, 560 КС;
од 2015 – performance верзија, 605 КС
• Audi RS 3 Sportback (2015): 2,5 литарски пет-цилиндарски, 367 КС
• Audi TT RS Coupé и TT RS Roadster (2016): 2,5 литарски пет-цилиндарски, 400 КС
• Audi RS 3 Sedan (2017): 2,5 литарски пет-цилиндарски, 400 КС
• Audi RS 5 Coupé (2017): 2,9 литарски V6 би-турбо, 450 КС
• Audi RS 4 Avant (2017): 2,9 литарски V6 би-турбо, 450 КС
• Audi RS 5 Sportback (2018): 2,9 литарски V6 би-турбо, 450 КС

Клучни зборови

Поврзани вести

Close