Audi става крај на A4, A6 и A8 моделите

Германски Audi планира да стави крај на производството на автомобили со мотор на внатрешно согорување, а први „жртви“ ќе бидат A4, A6 и A8 моделите

Германскиот производител Audi се откажува од A4 и A6 моделите како дел од планот за крај на производството на автомобили со мотор на внатрешно согорување. Овој план ќе се примени и за A8, а дури ни plug-in хибридите не се повеќе цел на поголеми инвестиции. Овие одлуки ќе бидат темелот на планот за прекин на производството на автомобили со конвенционални мотори.

Сето ова е желба на извршниот директор на марката, Маркус Дисман, кој е на чело на компанијата неколку месеци. Според неговите планови, кои ги пренесува германски Manager Magazin, планот подразбира дека новите генерации на седаните Audi A4 и A6 ќе бидат претставени повторно од 2023 година, кратко по што ќе следуваат и електричните изданија. Меѓутоа, Audi воопшто не сака конвенционалните варијанти на лимузините од средна големина да се наоѓаат во продажниот микс до крајот на животниот циклус на оваа генерација на седани. Тоа значи дека крајот за овие модели ќе пристигне пред 2030 година.

Кога станува збор за А8, се очекува да биде освежен на крајот од 2021 година. Тоа би требало да биде последната мерка за одржување на големиот седан. Audi исто така не сака повеќе да се потпира на plug-in хибридите, па отпаѓа можноста за таква верзија на A8. Пред неколку дена, шефот на Audi во изјава за друг германски бизнис магазин Wirtschaftswoche истакна дека во моментов работат на конкретен распоред за исклучување на моторите со внатрешно согорување „во следните 10, можеби 15 години“.

Audi A4 A6

Наместо конвенционалните мотори, чисто електричните возила сега се повеќе се во фокусот во Инглоштад. Дисман ја нагласи важноста на електричните возила со тоа што Artemis почна со работа кратко откако тој седна во фотелјата. Според извештаите на Automobilwoche, првиот модел развиен под капата на Project Artemis ќе биде претставен на IAA оваа есен. Почетокот на сериското производство е планиран за крајот на 2024 година. Дисман неодамна истакна дека моделот нема да биде ниту голем седан над A8, ниту голем SUV над Q7. „Ќе биде нова категорија на возило кое нема да се нарекува ниту A ниту Q“.

Поврзани вести

Back to top button