fbpx

Audi TT со четири-вратна верзија?

Спортскиот автомобил Audi TT во поиздолжено издание, со можност за хибридна како и електрична верзија

Германскиот производител го покажа концептот на Audi TT Sportback, со кој планира драматично да го промени изгледот на своето популарно спортко купе, на кое ќе му додаде дополнителни две врати во 2020 година. Со оваа промена компанијата сака да ја зголеми практичноста на овој модел за секојдневна употреба, што би се резултирало со поголема профитабилност.

Новиот четири-вратен TT ќе ги носи стилските линии на концептниот модел кој беше прикажан на саемот во Париз уште во 2014 година.

Оваа нова генерација ќе се базира на MQB платформата на Volkswagen. Димензиите секако ќе бидат променети, така што должината на овој нов модел ќе биде зголемена за 290 милиметри во однос на сегашното купе со две врати, ширината за 60 милиметри и меѓуоскиното растојание за 120 милиметри. Исто така се подразбира дека и во внатрешноста ќе има повеќе место.

audi tt

Што се однесува до агрегатите, на располагање ќе бидат голем број опции на мотори, вклучувајќи и хибриден систем со 48 волтна технологија, приклучен хибрид како и целосно електричен погон. Дизел погонот ќе биде исто така достапен со новата генерација на електрифицирани дизел мотори.

Проектот за TT Sportback од 2014 година не беше реализиран во тоа време поради малата побарувачка за еден ваков модел, но со текот на годините ова се промени. Така сега побарувачката за мал автомобил со две врати и не е толку распорстранета како таа за четири-вратните модели, па овој нов модел ќе претставува директна замена за две-вратниот спортски модел кој ќе замине во историјата.

Поврзани вести

Back to top button