Audi унапреди неколку PHEV модели во својата понуда

Audi одлучи да направи едно мало, но сосема важно освежување и унапредување на своите plug-in хибридни модели Q5, A6 и A7 Sportback

Plug-in хибридните варијанти на Q5, A6 и A7 Sportback на Audi, сега добиваат поголеми литиум-јонски батерии за уште поголем електричен опсег на движење од претходно. Новата батерија која е поставена кај овие модели кои го носат TFSIe суфиксот сега изнесува 14,4 kWh, наместо претходните 14,1 kWh. На прв поглед делува минимално, но тоа резултира со поголем опсег на движење при користење исклучиво електрична енергија. Според новите спецификации, моделите можат да поминат до 91 километар во ЕВ режим според NEDC, односно 73 километри според WLTP циклусот.

Новата поголема батерија, која не е променета во димензиите, пристигнува со максимум полначки капацитет од 7,4 kW, што значи дека Q5, A6 и A7 Sportback TFSIe моделите можат да бидат целосно наполнети за околу два и пол часа.

Заедно со унапредувањето на новата батерија, Audi лансира A6 Avant TFSIe Quattro во Европа, како базична варијанта на моделот. Електрифицираниот погон комбинира 2,0-литарски TFSI мотор со електромотор кој испорачува 140 КС, за комбинирана моќност од 299 КС и 450 Nm максимален вртежен момент.

Сите пет унапредени plug-in хибридни модели исто така го добиваат и новиот Charge возачки режим, како додаток на веќе постоечките EV, Auto и Hold режими. Новиот возачки режим овозможува батеријата да се полни преку моторот на внатрешно согорување при возење.

Plug-in хибридните Audi Q5, A6 Sedan и A7 Sportback модели остануваат достапни со две различни нивоа на моќност – 50 TFSIe со 299 КС и помоќниот 55 TFSIe со системска моќност од 367 КС. Двете варијанти користат 2,0-литарски TFSI четирицилиндерски бензински мотор во комбинација со електромотор и седумстепен автоматски менувач со двојна спојка.

Audi

Опсегот на plug-in хибриди на Audi сега ги вклучува A3 Sportback, Q3 и Q3 Sportback, Q5 и Q5 Sportback, A6 Sedan и Avant, A7 Sportback, Q7, Q8 и знаменосецот A8.

Поврзани вести

Back to top button